Турнирот во мал фудбал „Св. Никола 2022“ сепак ќе се одржи!

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Општина Прилеп како покровител заедно со новоформираниот иницијативен одбор, ги започна подготовките за организација на традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2022”.

Турнирот ќе се одржи по пауза од 3 години, а натпреварите ќе се одиграат од 10 до 25 декември во спортската сала на основното училиште “Добре Јованоски”.

На турнирот учество ќе земат 32 екипи поделени во 8 групи, а сите детали околу средствата за котизација, наградните фондови и жребот ќе бидат познати во текот на идната недела.

„Турнирот оваа година ќе понуди богата спортска програма со 5 натпревари во еден ден, а во викендите предвидени се и натпревари за најмалите, како и ревијални натпревари. Како покровител на турнирот “Св. Николa”, заедно со иницијативниот одбор ќе се погрижиме турнирот да се одржи во одлична спортска атмосфера и организација. Фудбалските вљубеници од нашиот град треба да знаат дека како Општина повеќе пати се обидовме да го обезбедиме спортскиот храм – Универзалната сала, каде турнирот традиционално се одржуваше со години, но за жал не наидовме на разбирање од централните власти“, велат од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира