Уапсени над 50 вработени на истанбулскиот универзитет „Фатих“

Facebook
Twitter
Email
Print

Турската полиција уапси 54 вработени на истанбулскиот универзит „Фатих“, што беше затворен по ланскиот обид за државен удар за кого Анкара го обвинува муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД.

 

Во операцијата, која се одржа во 29 градови, 54 поранешни вработени на Универзитетот се приведени и задржани од полицијата. Покрај ова, издадена е наредба и за апсење на уште 171 универзитетски професори и вработени на „Фатих“, кој е поврзан со организацијата на Ѓулен.

 

Универзитетот „Фатих“ беше затворен веднаш по пучот, откако беше откриено дека вработените ја употребувале мобилната апликација Бајлок, која, според турските власти, ја користеле приврзаниците на Ѓулен за поддршка и организирање на обидот за преврат.

 

По неуспешниот обид за државен удар во Турција беа уапсени над 50.000 лица, меѓу кои и државни службеници и припадници на безбедносните сили, а околу 150.000 луѓе беа отпуштени од работа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци