Полицајците од контролниот пункт во скопски Чаир кои вчера без никаква реакција пропуштаа граѓани да пазарат во локална продавница за време на викенд – полицискиот час ќе се соочат со дисциплинска постапка, кажа министерот за внатрешни Наќе Чулев.
За време на викендот во Чаир утврдени се 53 прекршувања и непочитувања на забраната на движење, а 14 не носеле заштитна опрема. Министерот Чулев сепак вели дека во негова надлежност не е распоредувањето на полициските службеници, туку тоа е работа на директорот на БЈБ и оперативниот штаб.
