Успешна еко акција во Крушево за собирање на отпад во рамки на „Генералка викенд“

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Денеска во Крушево се спроведе успешна еко акција за собирање на отпад во рамки на „Генералка викенд“. Акцијата ја предводеа младите од ООУ „Никола Карев“ и СОУ „Наум Наумовски Борче“, а учествуваа и вработените во општина Крушево, советниците, Комуна и волонтери.

„Оваа активност е во насока на подигнување на свеста за заштита на животната средина и соработката помеѓу комуналното претпријатие и граѓаните. Се надеваме на долгорочно чување на овие места од аспект на чистота“, велат од „Комуна“.

Се чистеше кај:  Детско игралиште на Гумење, спортски центар „Езеро“, околината на споменикот Питу Гули и кај „Кај клупата“. Во акцијата се собраа околу 30 вреќи отпад, од кој најмногу пластика.

„Да ги зачуваме овие места чисти како што се денес после акцијата. Крушево е наша иднина и ние сме одговорни за тоа. Благодарам на сите што се вклучија”, изјави претседателот на совет на општина Крушево Андреј Николоски.

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци