Учениците од СОУ Ѓорче Петров – Прилеп спроведоа акција за борба против кардиоваскуларните заболувања

„Сите заедно во борба против кардиоваскуларните заболувања“ – ова беше мотото на денешната акција спроведена во просториите на СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп во соработка со клубот РОТАРАКТ клубот од овој град.

 

„Учениците од III -2 клас здравствената струка – медицинска сестра под менторство на стручните наставници Ленче Д. Јованоска и Наташа Ванчева мереа крвен притисок, шеќер во крвта и делеа брошури со здравствено воспитен карактер. Упатуваме посебна благодарност до младите од РОТАРАКТ клубот – Прилеп за нивната донација од три апарати за крвен притисок и еден апарат за мерење на шеќер во крвта. Благодарност и до директорот Страшо Ѓорѓиески за неговата поддршка“, соопштија од СОУ Ѓорче Петров – Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци