Уште еден, десетти случај денес на заразен со коронавирус во Прилеп

Во меѓувреме во Прилеп е регистриран уште еден случај на заболен од коронавирус, 10-ти по ред денеска, што значи дека вкупниот број на инфицирани лица во општина Прилеп изнесува 85.

Претходно од Општина Прилеп соопштија дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина прилепчанец на 66 годишна возраст, што е трет смртен случај како последица на коронавирусот во општина Прилеп;

Во самоизолација се наоѓаат 373 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка;

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се вкупно 15 лица. Од нив, 12 се позитивни на коронавирус, од кои две лица се со потешка клиничка слика и со кислородна поддршка. Тројца пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати. Сите тројца се со средна клиничка слика.

Во текот на изминатото деноноќие, едно лице не го почитувало полицискиот час, заради што ќе му биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира