ФАРМЕРИ ЈУГОЗАПАД: Не очекувавме нож во грб од дел на одгчледувачите на овци, а државата го продолжува теророт врз земјоделците

Во врска во состанокот на Министерот за земјоделство Цветан Трипунивски и одгледувачите на овци кој беше одржан на 08.04.2026 година во Прилеп сакаме да го истакнеме дека сточарите кои четири месеци одеа по состаноци и трибини и најавуваа штрајкови конечно ги добија парите од субвенциите и го исполфалија министерот Трипуновски. Тоа се сега пари со изгубена вредност. Што можжевте да купите пред 4 месеци, а што сега? Колку се цените на детелината, нафтата и другите ваши потреби,, прашува во соопштението до медиумите, претседателот на земјоделското здружение „ФАРМЕРИ ЈУГОЗАПАД“, Миле Кебакоски.

„Тој истиот министер што го пофаливте ве држеше во неизвесност со болеста обча сипаница со цел да ги ддете сите јагниња во кланица и да молчите. Не ви помогна со измена на уредбата кога на повеќето од вас ви недостасуваше така речи по едно до две јагниња во кланичките капацитети за да не земете воопшто субвенции. Цената на јагнињата да речиме дека е пристојна, но каква улога има тој што сега го фалите? Дали донесе некој Закон некоја уредба, вие сами си се изборивте, а и пазарот така сакаше.

Нашето Здружение, па и многу други здруженија ве поддржувавме цело време, а и последно на состанокот во неговиот кабинет  му посочивме прво да се исплатат субвенциите за жива стока, а потоа другите. Занемарувајќи ги тука нашите интереси. Значи не очекувавме нож во грб господине Џемаили.

Во врска со тутунот министерот истакна дека е зголемен бројот на договори и површини. Заборави да каже дека ги намали субвенциите од 100 денари на 80 денари и дека оваа сезона ќе се субвенционира само 200 килограми тутун количина по декар. Цените за тутунот остануваат исти, а инфлацијата каде појде.

Значи продолжува теророт врз земјоделците, како медиумески со монтирани состаноци, така и финансиски“. вели Кебакоски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира