Физички напади низ Прилеп

На 22.02.2026 во 18:10 часот во ОВР Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода З.С.(59) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава од неговата 50-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет.

На 23.02.2026 во 02:20 часот во ОВР Прилеп, Н.С.(19) од Прилеп пријавила дека  околу 01:30 часот на ул.„Марксова” во Прилеп била физички нападната од А.М. од Прилеп.

Истиот ден во 03:30 часот во ОВР Прилеп, Б.Р.(19) пријави дека околу 01:00 часот на излез од угостителски објект бил физички нападнат од Д.С. од Прилеп, кој употребил и стаклен предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на настаните и по целосно документрање ќе следат соодветни пријави.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци