Филипче: Без модуларните болници ќе ни се случеше италијанското сценарио

Facebook
Twitter
Email
Print

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Моделот на модуларни болници е модел без којшто не само нашата држава, туку ниту една земја немаше да може да ја менаџира кризата, изјави министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања за неопходноста од модуларните болници.

„Направивме 700 болнички кревети за помалку од 2 месеци. Благодарение на тоа, имаше каде да сместуваме пациенти. Алтернатива на тоа е италијанското сценарио, луѓето да бидат заглавени во возилата за итна помош пред болниците, да нема каде да се сместат. Едноставно, да не можеме да им пружиме соодветна помош”, изјави Филипче, додавајќи дека ова е начин на кој се менаџира пандемијата и концепт прифатен во целиот свет.

Во однос на безбедноста и начинот на работа во овие болници, Филипче беше дециден дека Министерството добило потврда за исправност на сите инсталации, струја и канализациона мрежа во модуларните болници, како и потврда дека целиот персонал ангажиран во нив делува согласно издаденото упатство за работа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира