Се покажа дека најголем број од заболените се всушност заболени на семејни и други собири, истакна на денешната прес коференција министерот за здравство Венко Филипче.
„Цела недела се правеа тестирањеа во кризните региони, бројките се резултат на тоа, таквото таргетирано тестирање беше рана дијагностика за навремена изолација на сите контакти кои се носители на вирусот. Се покажа дека најголем број од заболените се заразени на семејни прослави, па со ваквата стратегија ги изолиравме сите контакти на заболените. Полицискиот час за викендов дозволи брзо тестирање, има подобра соработка со граѓаните, епидемиолозите побрзо пристапија и тестираа“, рече Филипче.
Според него, огромен процент од новозаразените се со лесна клиничка слика или асимптоматски.
Филипче рече дека непочитувањето на мерките доведе до вториот бран на заразени, но и дека на утрешната седница на Влада ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето, односно доставен е предлог за полициски час од 22 од 05 часот.
