Филипче: Пратениците се вакцинираат со „Спутник“

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Во салата во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје утрово почна вакцинацијата на пратениците како дел од вработените во критична инфраструктура.

„Денеска како дел од вработени во критична инфраструктура ќе се вакцинираат пратениците и дел од стручните служби кои не се вакцинираа претходниот пат. Ќе ја примаат вакцината на „Спутник“ и денеска процесот е организиран во три групи. Паралелно со нив, во салата тече и вакцинацијата на постарите граѓани над 73 години“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, очекува дека по имунизацијата ќе се овозможи посоодвбетна работа на Собранието.

„По втората доза која ќе ја земат ќе се овозможи посоодветна работа на Собранието и се надевам од втора половина на мај да се врати нормалниот начин на работа на Собранието секако почитувајќи ги и понатаму одлуките и протоколите“, вели Џафери.

Тој нема информации колку од пратениците ќе се вакцинираат.

„Нивна одлука е кој ќе дојде. Сите се предвидени, а кој како ќе одлучи е нивно“, вели Џафери.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира