Манастирот посветен на старохристијанската маченица св. Марина или Света Марена како што уште ја нарекуваат жителите на Мала Преспа во Албанија е единствениот манастир во овој крај. Култот кон оваа светителка е доста голем помеѓу христијаните од овој регион , а 30 јули денот кога се одбележува светителката е огромен празник за нив. Годинава во манастирот домаќини беа неколку семејства од Припеп кои не поканија за славата.
Погледнете ја ексклузивната фото галерија од празнувањето на Света Марена, а во петок на порталот Инфо Компас ќе може да го погледнете и ексклузивното видео од прославата.