Хамбурек – најновиот балкански специјалитет!

Бурекот е специјалитет кој горе-долу сите го имаат пробано, топол бурек и чашка јогурт е секојдневен појадок на многумина.

Во последните неколку години сме сведоци на многу варијации на тема, па овој деликатес можете да го пронајдете и во солени и во слатки варијанти, со што и да замислите.
Досетливите пекари успеале да ја „заскокоткаат“ имагинацијата и на менито да понудат сè и сешто. Со тоа, покрај класичниот бурек со сирење и месо, денес имаме и пица бурек, бурек со компири, бурек со зелка, но и со разни слатки филови како лешник или ванила крем.

Но една пекара во Бор, Србија отиде најдалеку во иновацијата на бурекот па на своите муштерии им нуди бурек со плескавица. Овој специјалитет се нарекува хамбурек, нешто слично како познатиот хамбургер, но наместо во лепче плескавицата е во корите од бурекот.

„Хамбурекот“ предизвика бројни реакции, па многумина ја поздравија ваквата идеја и сакаат што поскоро да го пробаат додека други сметаат дека ова е сквернавење.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци