Харадинај: ЕУ во март ќе ги укине визите за граѓаните на Косово

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај изјави дека Европската унија во март следната годин,а по прославата на 10-годишнината од независноста, ќе укине визи за граѓаните на Косово.

 

„Граѓаните на Косово ќе може да патуваат без визи надоцна до крајот на март идната година, а можеби и пред тој датум. Исто така, во тој месец и безбедносните сили на Косово ќе станат армија на Косово“, изјави Харадинај.

 

Тој најави дека на 18 декември во Брисел ќе се разговара и за тие прашања, објави РТК2.

 

Ова е првпат Харадинај да изнесе конкретен датум за решавање прашања како што се либерализација на визите и формирање армија на Косово.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци