Хелсиншки комитет: Постојните закони нудат можност за решение за лицата без државјанство

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Хелсиншкиот комитет за човекови права подготви правно мислење во однос на бездржавјанството, со осврт на Законот за државјанството, Законот за странците и Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените.

Државјанството на Република Северна Македонија согласно член 3 од Законот за државјанство се стекнува со:

1) потекло;
2) раѓање на територијата на државата;
3) природување; и
4) меѓународни договори.

Анализите покажуваат дека има две главни категории на лица кои живеат долги години во Северна Македонија но немаат статус на државјанство:

1) лица кои не го уредиле статусот по распадот на СФРЈ и
2) лица кои не се евидентирани во матичните книги на родени, стои во правното мислење.

Во правното мислење се наведува дека во моментот постојат законски можности за стекнување на државјанство на двете засегнати категории.

„Едноставно треба да се даде шанса на постојното законско регулирање и до истекот на рокот на 05.06.2021 година предвиден во Законот за странците и до истекот на рокот на 30.06.2021 година предвиден во Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени (ЗНЛМКР). Се работи за временски период од три месеци во кој надлежни органи треба да покажат агилност и флексибилност ворамките кои ги пропишува законот, да воспостават предвидлива и воедначена пракса при што навремено ќе ги споделуваат сите релевантни информации до засегнатите лица и групи. Доколку и со примената на постојните законски одредби статусот на лицата без државјанство не се уреди, тогаш државата треба да изнајде решенија за нив, во согласност со меѓународните стандарди како и законодството и праксата на Европската Унија“, стои во заклучокот од правното мислење на Хелсиншкиот комитет.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци