Хојт Ји поднесе оставка како заменик-помошник државен секретар на САД

Facebook
Twitter
Email
Print

Брајан Хојт Ји поднесе оставка на местото помошник заменик државен секретар на САД за Европа и Евроазија, потврдуваат од Стејт департментот за Ал Џезеира.

 

Во одговорот се наведува дека Хојт Ји ги известил колегите од американското министерство за надворешни работи за својата одлука.

 

Хојт Ји на оваа позиција беше од 2013 година, а како негов наследник неофицијално се споменува поранешниот шеф на мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина Џонатан Мур.

 

Во јавноста се шпекулираше дека Хојт Ји би можел да ја преземе должноста амбасадор на САД во некоја од државите на Западен Балкан. Прво, се споменуваше дека ќе биде амбасадор во Македонија, а според српски „Блиц“, Хојт Ји ќе биде новиот амбасадор на САД во Сараево.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци