Хоџа: Пратениците да дадат поддршка за измените со кои недела ќе биде неработен ден

Facebook
Twitter
Email
Print

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Владата очекува Предлог-измените на Законот за работни односи со кои недела треба да биде прогласен за неработен ден наскоро да ги помине собраниските процедури и да биде изгласан во Собранието.

Владиниот портпарол Муамет Хоџа денеска на редовната прес-конференција во Владата апелираше до сите пратеници, и од власта, и од опозицијата, да го поддржат ова законско решение.

„Предлогот на закон за измени на Законот за работни односи со кој се предвидува недела да биде ден за неделен одмор се уште не е ставен на дневен ред во собраниската Комисија за труд и социјална политика. Очекуваме дека ова законско решение наскоро ќе помина на матичната комисија во Собранието и потоа согласно собраниските процедури ќе се најде и пред пратениците на пленарна седница. Апелираме до сите пратеници, и од власта и од опозицијата, да го поддржат ова законско решение бидејќи е во интерес на граѓаните“, истакна Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање.

Предлогот недела да биде неработен ден треба да почне да се применува од 1 октомври.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци