Црковен хор „Св. Петка“ и женскиот камерен хор „Керамија“ – нов хуманитарен концерт за доизградба на Св. Петка


Во преубавиот амбиент на платото пред храмот Св. Петка, со задоволство Ве покануваме на концерт на духовна и македонска народна музика кој е дел од циклусот хуманитарни концерти за доизградба на храмот Св. Петка.

На концертот кој ќе се одржи на 24(среда) јули со почеток во 20:30 часот, ќе настапат:

  • Женскиот камерен хор „Керамија“ под диригентската палка на Катерина Попоска, дипломиран музичар теоретичар и педагог. Во своето едногодишно постоење, хорот постигна забележителни резултати на државно и меѓународно ниво. Тие ќе се претстават со духовни композиции од Бортњански, Архангелски и други, како и македонски народни песни.

  • Црковниот хор „Св. Петка“ под диригентската палка на протопсалт м-р Гоце Секулоски. Хорот активно учествува во молитвено-литургискиот живот на храмот и останатите храмови во Прилеп, а има настапувано на бројни културни манифестации во Македонија. Тие ќе се претстават со духовни композиции од композитори како Христов, Мокрањац, К. Македонски, А. Бадев, Скаловски, Секулоски и други.

Вашето присуство на овој концерт не само што ќе го збогати вашето духовно и музичко доживување, туку ќе придонесе и кон доизградбата на нашиот свет храм. Ве покануваме да ни се придружите заедно со вашите семејства и пријатели и со вашата поддршка да помогнете во оваа благородна акција. Секој ваш придонес е чекор поблиску до нашата заедничка цел.

Ве очекуваме со радост да ја споделиме оваа музичка и духовна вечер. Организационен одбор на хуманитарните концерти „Од векови за векови“.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира