ЦЈЗ Прилеп: Водата за пиење во Крушево е бактериолошки неисправна

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

При редовна контрола на квалитетот и безбедноста на водата за пиење во градскиот водовод во Крушево, од страна на ЈЗУ ЦЈЗ-Прилеп е констатирано отсуство на резидуален хлор во водата, како и микробиолошка неисправност, односно наод на бактерии од цревно потекло и зголемен број колонии на бактерии на 22 и 37 степени, заради што на ден 29.07.2025г. се известени надлежните институции во државата ( Агенција за храна и ветеринарство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Министерство за здравство-сектор превентивна здравствена заштита, РЦУК), како и надлежните во ЈКП Комуна -Крушево.

На жителите на град Крушево им се препорачува за пиење да користат пакувана вода, а водата од Градскиот водовод, како вода за пиење, лична хигиена, миење на овошје и зеленчук можат да ја користат само после превривање од минимум 10 минути. Од страна на Aгенција за храна и ветеринарство водата во град Крушево на ден 30.07.2025г. е забранета за употреба. Забраната и препораките важат се до добивање на 3 (три) последователни исправни примероци, а ЦЈЗ Прилеп ќе биде во постојана комуникација со надлежните институции и ќе ги известува жителите на град Крушево“, информирата од Центарот за јавно здравје во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира