Че вреди: Реорганизација на јавните претпријатија и домаќинско трошење

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Ќе воведеме транспарентност на трошењата на локалната самоуправа и реорганизација во работата на јавните претпријатија, велат од граѓанската иницијатива Че вреди.
Соопштението го пренесуваме во целост.
„На официјалната страна на Општина Прилеп јавно на увид на граѓаните ќе бидат прикачувани сите информации за трошењето на парите на граѓаните, на неделно, месечно и годишно ниво, по сите основи и сите намени од страна на локалната самоуправа и јавните претпријатија.
Врз основа на три месечни, полугодишни и годишни програми и планови ќе се изврши реорганизација во работењето на јавните претпријатија и ќе се воведе сменско работење во ЈКП Комуналец Прилеп.
– За објективно и навремено информирање на граѓаните
– За домаќинско трошење на парите на граѓаните
– За да ставиме крај на злоупотребите
– За да се знае кога и како треба да се чисти и кога и како се одржува јавната хигиена
– За да покажеме дека на граѓаните не им фали едукација ами мотив за одржување на чисто опкружување и здрава животна средина
– за современ возен парк и опрема кој нема да загадува
– За воведување систем капка по капка на зелените површини
– За да се знае каде и кога треба да се санираат комуналните дефекти без застој во сообраќајот
– За реконструкција и модернизација на прифатилиште за бездомните животни, водење на регистар на заловени кучиња и регулација на нивното размножување во градот и населените места
– За доизградба на фабриката за секундарна селекција на отпад на депонијата „Алинци„
– за конечно поставување на подземни контењери кај градскиот пазар, населбата „Сточниот пазар„ и населба точила
– за поставување на повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки
– за паркови опремени со реквизити и содржини за најмладите и домашните миленичиња
– за дисциплина и сервис за одржување на дворните површини на граѓаните
ЗА ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ“, стои во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци