ШК Пелагон – шампион во Втора македонска лига во шах и нов прволигаш

Од 21-24 јули 2022 година во хотел Метропол Охрид се одржа Втората лига на Македонија во шах каде што учествуваа 12 екипи кои беа поделени во две групи по 6 екипи. Екипата на ШК Пелагон беше во А групата заедно со минатогодишните скопски прволигашки клубови ШК Карпош и ШК 4 Ноември, ШК Ласкер од Охрид, ШК Струга и ШК Шах мат 2022 од Градец. Го освоивме првото место со 5 убедливи победи и максимални 10 бода.

Пласман со партии

Рк. Екипа 1 2 3 4 5 6  ТБ1   ТБ2   ТБ3   ТБ4 
1 Пелагон  * 5 5 6 6 10 27,5 0 2251
2 Карпош 1  * 6 6 8 22,0 0 1769
3 4ти Ноември Битола ½  * 5 6 6 19,5 0 1638
4 Ласкер 1 0 ½  * 4 11,5 0 932
5 Шах Мат 2022 Градец 0 ½ 1 ½  * 2 5,5 0 411
6 Струга 0 0 0  * 0 4,0 0 349

Во плеј оф се пласираа и двете најдобри екипи А група (ШК Пелагон и ШК Карпош) и од Б група (ШК Шкупи и МШК Центар). ШК Пелагон како новоформиран клуб и дебитант имаше тешка задача да се бори со три бивши скопски прволигашки клубови. Сепак убедливо и тука го освоивме првото место и се пласиравме во прва лига,што значи дека Прилеп ќе биде најшаховски град во Македонија.

Пласман со партии

Рк. Екипа 1 2 3 4  ТБ1   ТБ2   ТБ3 
1 Пелагон  * 3 4 5 5 12,0 0
2 Шкупи 3  * 3 4 10,5 0
3 МСК Центар 2 3  * 3 9,5 0
4 Карпош 1  * 0 4,0 0

За шампионската екипа настапија:

  1. ИМ Драшко Бошковиќ 5 поени од 6 партии
  2. ИМ Младен Миленковиќ     4,5 поени од 5 партии
  3. ИМ Горан Арсовиќ 6,5 поени од 7 партии
  4. Дејан Ѓорѓиески 5 поени од 7 партии
  5. Горан Готовуша 4 поени од 6 партии
  6. Марјан Дамчески 4,5 поени од 5 партии
  7. Мартин Николовски 5 поени од 6 партии

 

Ова е огромен успех на шахот во Прилеп посебно ако се знае дека оваа година индискиот велемајстор Гукеш член на ШК Прилеп го освои златниот медал на Купот на Европски шампиони и ако има само 16 години е во најдобрите играчи во светот. Годинава започна и шаховската школа за почетници водена од нашата шахистка Јустина Дутка и школата за напредни деца предводена од велемајсторот Звонко Станојоски. Во план е и отворање на прва школа за возрасни шахисти во Македонија со што значително би се зголемила концентрацијата на квалитетни играчи во градот.

За овој успех голема помош имаше и самиот тренажен процес и големиот број на турнири кои ги организираме во Прилеп со што се зголеми квалитетот на играта на нашите шахисти што се покажа пресудно на Екипното првенство во Охрид.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира