Што може да ставите на празничната велигденска трпеза?

Facebook
Twitter
Email
Print


На Велигден семејството оди во црква на света литургија, а после службата се поздравува со:

Христос воскресе! – Навистина воскресе!

Во недела, на празничната трпеза може да ставите некоја од овие велигденски симболи:

Мед – симболизира апостоли. Сите тие како пчели на Исус го разнесувале Евангелието на разни страни.

Јагнешко месо – го симболизира Господ, роден во шталата меѓу јагнињата, гонет од луѓето со волчја нарав. Тој е жртвено јагне кое трпеливо ги поднело маките.

Вапсани јајца – тие се симбол на Велигден иако се предхристијански обичај. Овој симбол на пролетното будење на животот постои и во еврејската религија.

Леб – на масата мора да има леб. Лебот го симболизира Господ.

Квасец – тој е симбол на небесното царство „бидејќи од мал гумен квасец сето тесто се закиснува“. Затоа велигденскиот колач задолжително се прави со квасец.

Сол – укажува на вистински христијанин кој другите луѓе ги усмерува кон добро. Душата насолена со науката на Исус не подлегнува и не се расипува, а притоа им помага на блиските да ја одржат и да не се расипат.

Вино – претворањето на водата во вино го симболизира чудесното претворање на земниот човек во небесен. Виното е симбол на Исус, а лозата е симбол на следбениците Христови.

Грозје, смокви, чичак и трња- тие се симболи на добрите и злите луѓе.

Риба – е симбол на сите луѓе. Ловот на риба означува ловење на човечки души за Божјото царство.

Една состојка е задолжителна – многу љубов.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира