Ѓорѓиоски: Младинскиот културен центар ќе биде катче за преквалификација, надградба, усовршување и стекнување нови вештини на младите

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Грижата за младите и креирањето квалитетни младински политики, е еден од постулатите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Истакна на денешната прес конфереција Александар Ѓорѓиоски – Кандидат за советник.

„Покрај изработката на нов Локален младински акционен план, во Програмата со која ја бараме довербата на граѓаните од општина Прилеп, високо на листата на приоритети се наоѓа изградбата на Младински културен центар.

Станува збор за изградба на нов мултифункционален објект на местото на старата Виша школа, односно сегашниот Работнички универзитет „Пере Тошев“.

Младинскиот културен центар ќе претставува катче за преквалификација, надградба, усовршување и стекнување нови вештини на младите и креативни луѓе, како и простор за делување на невладиниот сектор.

Покрај функционирањето на постоечките и новите дејности, во Младинскиот културен центар ќе постојат и други еквивалентни корисни содржини за потребите на сите чинители.

Дворниот дел ќе содржи игралиште за мали спортови, сцена за проекции на филмови и други културни настани, мала трибина, музички парк, урбана опрема, а просторот ќе биде хортикултурно уреден со зелени површини и садници.

Младите луѓе се основата врз која го градиме концептот „Најдоброто за Прилеп“.

Гласот за Горан Сугарески и бројот 12, е влог во изградбата на подобра иднина за сите генерации“, рече Ѓорѓиоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира