Јанчев: Граѓаните ја имаат поддршката од Левица против уништувањето кое го прават Бехтел и Енка

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Прилепчани и граѓани од цела Македонија две недели прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини и работници да продолжат со минирање и ископување. Протестот го посети и пратеникот Сашко Јанчев, кој истакна дека граѓаните ја имаат поддршката од политичката партија Левица.

„Се наоѓам над селото Ореовец. Оваа грдосија позади мене е последица на минирањето на турско – америчкиот конзорциум ,Бехтел и Енка’. Од минирањето загрозени и загадени се извори на вода од кои и ден денес пијат вода Прилеп и селата околу Прилеп. Во селото Ореовец оштетени се куќи, загрозени се ендемични видови на животни коишто ги има само тука. Ова е последица на оној криминален и противзаконски договор којшто го направи претходната влада со турско – америчкиот конзорциум на ,,Бехтел и Енка”, па поради тоа граѓаните тука се самоорганизираат веќе десетина дена. Имаат протестна блокада и не дозволуваат машини и работници да доаѓаат и да продолжат со работа. Левица како што и досега го блокираше, претходно во Собрание спроведувањето на договорот со Бехтел и Енка со илјадници амандмани, така ќе продолжи сега веќе и физички на терен да ја поддржува борбата на граѓаните. Секој ден ќе бидеме тука на терен со нив, а исто така и правниот тим и пратеничката група максимално ќе се вложи оваа деструкција да биде спречена”, истакна Јанчев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира