ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ЈКП „Комуналец“ гради нов детски парк на јавна површина во кругот на болницата. Како што известуваат од „Комуналец“ детскиот парк е на барање на жителите од овој дел на градот, а со оглед на тоа што во близина нема друга слободна јавна површина, одлучено е паркот да се гради во кругот на болницата.
„Паркот е со мала површина, но содржи детски реквизити за забава, клупи за одмор и релаксација, и со оградена површина заради безбедност.
Рубинчо Абрашоски, в.д. директор на Јавното комунално претпријатие ЈКП „Комуналец“ најавува дека ќе продолжи практиката за градење на парковски површини и детски игралишта во повеќе населби и маала низ градот.
За 2022 година планирано е да се изградат 4000 м2 парковски површини во градов и населените места, како и обновување на постојните паркови“, известуваат од ЈКП „Комуналец“.