Јовчески: Трудот на работниците мора да биде ценет, заштитен и вреднуван – нека е честит Меѓународниот ден на трудот

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Почитувани сограѓани, драги работници, денес го славиме 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, ден кој не потсетува дека зад секој напредок, зад секоја изградена институција, пат, фабрика или училиште, стои нечиј труд – трудот на човекот, истакнува во својата честитка за Меѓународниот ден на трудот, Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

„Овој ден е симбол на борбата за работнички права, за фер услови, за достоинство на трудот. Во оваа прилика, упатувам искрени честитки до сите работници во Општина Прилеп и пошироко, со уверување дека трудот мора да биде ценет, заштитен и вреднуван.

Како Локална самоуправа, наша обврска е да креираме политики и проекти кои ќе придонесат за подобри услови за живот и работа. Наша цел е да бидеме вистински партнер на работникот и гарант за неговото право на фер третман и социјална сигурност.

Апелирам до сите работодавци да покажат грижа, разбирање и почит кон своите вработени, да ги почитуваат законските одредби и да вложуваат во подобра работна средина. Само така можеме да градиме здраво и успешно општество.

Во овој празничен ден, ви посакувам здравје, мир и моменти поминати со вашите најблиски. Да не заборавиме дека со заедничка солидарност и меѓусебна поддршка можеме да постигнеме многу“, додаде Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира