ЈП „Македонски шуми“ ја ублажува забраната за движење во шуми, само со однапред добиена дозвола


Поради намалениот број на пожари и врнежите од пред неколку дена кои ја подобрија состојбата, од денеска ЈП „Македонски шуми“ ја ублажува мерката за забрана за движење во шуми – само со однапред добиена дозвола, изјави на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Правните и физички лица кои имаат потреба да се движат во природа, од денеска со однапред добиена дозвола ќе може да го направат тоа.

„Ова се однесува и на планинарите и на параглајдеристите, кои што ги користат планините за своите активности“, посочи Ангелов.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира