Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучуќ, ги повика партиите во земјава да изнајдат заеднички прифатлив датум за избори.
„Сметам дека сите политичките чинители во Северна Македонија треба да најдат датум за изборите. Најважно е да се организираат слободни, фер и инклузивни избори во согласност со законската рамка и уставните рокови. Организацијата на изборите треба да биде во согласност со здравствените безбедносни протоколи. Се надевам дека што поскоро ќе видиме целосно функционални институции за да може да се справат со ковид-19 и претстојните преговори со ЕУ“, напиша Ќучук на Твитер.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)