12 новозаболени со корона, вкупната бројка се искачи на 148 лица

 

Дванаесет нови заболени лица со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа. Седум лица се од Скопје и пет од Куманово, соопшти Министерството за здравство.

 

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

 

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (88), Дебар (40) – од кои 1 починат,  Куманово (8) – од кои 1 починат, Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2) и Гостивар (1).

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци