12 сертифицирани негуватели од општина Долнени ќе обезбедуваат помош и поддршка за независно живеење на 36 лица

Министерката за труд и социјална политика г-ѓа Јована Тренчевска денес во Општина Долнени ја додели лиценцата на давателот на социјални услуги, Здружението „Центар за развој и едукација“, кое ќе ја обезбедува услугата „Помош и нега во домот“ за општините Долнени, Кривогаштани и Прилеп.

Вкупно 12 сертифицирани негуватели од општина Долнени ќе обезбедуваат помош и поддршка за независно живеење на 36 лица со попреченост, лица над 65 години кои живеат сами и лица со намалена функционална способност кои живеат во населените места во општина Долнени.

„Општина Долнени продолжува и понатаму да ја унапредува социјалната заштита и грижа и да ги доближува социјалните услуги до своите жители кои имаат ваква посебна потреба“, истакна градоначалникот Урим Ибески.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира