120 стари и изнемоштени од Прилеп, Кривогаштани и Долнени ќе бидат дел од проектот „Развојна услуга нега и помош во домот“


Во ова издание на емисијата Инфо регион разговараме со Марина Тошеска координатор на проектот „Развојна услуга нега и помош во домот“ и Дејан Тошески, директор на Центарот за социјална работа од Прилеп кои го имплементираат овој проект во Општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени преку Здружението Центар за развој и едукација Прилеп.

Примарната цел на услугата Помош и нега во домот е да овозможи квалитетна, професионална и достапна помош и поддршка од страна на обучени негователи за корисниците да ја вратат, стекнат или одржат способноста самите да се грижат за себе, за да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.

Со проектот на 120 стари и изнемоштени, како и лица со попреченост од овие 3 Општини ќе им биде овозможено да добијат нега и помош во своите домови од 40 лиценцирани и обучени негуватели кои ќе им помагаат околу миење, капење, облекување, давање на лекови, менување на пелени и слични работи кои сега овие лица не се во можност да ги прават.

Искуството и примерот е земен од европските држави каде се практикува ваквиот вид на социјални услуги.

Се очекува проектот да започне наскоро. Погледнете ја емисијата каде ќе може да слушнете кој се и под кои услови ќе може да аплицира и да биде дел од него.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира