Од ОВР Прилеп информираат дека на 13.05.2026 во 14:40 часот на патот Прилеп – Македонски Брод, кај селото Сарандиново, бил лишен од слобода 14-годишен жител на селото Пешталево, општина Долнени.
При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот, при што било утврдено дека возел без да има стекнато право на управување, односно без возачка дозвола.
По целосно документирање на настанot ќе следи соодветна пријава.