198 нови случаи на Ковид-19 од 08 до 14 февруари во Прилеп, починале 4 лица

 

Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 08 до 14 февруари 2021 година, во општина Прилеп имало 198 нови случаи на Ковид-19.

 

Од последици на коронавирусот починале 4 лица. Бројот на активни случаи изнесува 306. 31 лице се наоѓаат на болничко, 251 на домашно лекување, а 24 се лекуваат во дневната болница.

 

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 224 лица. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.842.

 

Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 243 лицa.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира