Реакции на светските лидери по говорот на Трамп во ООН

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Ова беше прв говор на Доналд Трамп во генералното собрание на Организацијата на Обединети нации по неговото именување за претседател на САД. Во неговиот говор, кој траеше 41 минута, Трамп се заколна дека целосно ќе ја уништи Северна Кореа доколку САД или било кој од нивните сојузници се принудени да се бранат од оваа земја.

 

„Човекот ракета е на самоубиствена мисија за него и неговиот режим. САД се спремни и во можност, но сепак се надеваат дека тоа нема да биде потребно. Тоа е целта на Обединетите Нации и причината за нивно креирање. Ајде да видиме што ќе направат“, истакна Трамп во неговиот говор.

 

Потоа Трамп своето внимание го насочи кон Иран, за кого истакна дека е „корумпирана диктатура задскриена зад лажната завеса на демократија“. Делегатот од оваа држава смирено и фокусирано го следеше говорот, во кој договорот со Иран Трамп го нарече „ најлошата еднострана трансакција во која САД некогаш учествувале“.

 

Членовите на Венецуелската делегација седеа со прекрстени раце додека Трамп го опишуваше водството на оваа држава на чело со претседателот Николас Мадуро како корумпиран режим кој што уништи една просперитетна нација со воведување на идеологија која продуцирала сиромаштија и мизерија секаде каде што претходно била воведена.

 

За време на говорот на Трамп, реакциите на светските лидера беа различни.

 

„Ова беше бомбастичен националистички говор. Сигурно се поминати декади откако за последен пат ваков говор беше слушнат во Генералното собрание во ООН. Ова беше погрешен говор пред погрешна публика“, истакна Маргот Валстром, министер за надворешни работи на Шведска.

 

„За време на моето 30 годишно искуство во ООН, никогаш не сум слушнал посмел и похрабар говор“, изјави премиерот на Израел, Бенџамин Нетањаху.

 

„Игнорантскиот говор на омраза на Трамп припаѓа во средновековието, не во 21 век. Не заслужува ни одговор. Лажната емпатија за Иран не залажува никој“, напиша на твитер Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи