Канадската полиција притвори 33 годишен маж по нападите со возило и нож што ги изврши во градот Едмонд.
Инцидентот се случил откако маж удрил со кола во полициска барикада пред „Комонвелт“ стадионот, каде што се играл натпревар во чест на Канадските сили. На лице место осомничениот неколку пати го прободел со нож полицаецот на должност, кој што не е во животна опасност. Откако се обидел да избега од лице местото со камион, по потера со полицијата тој удрил во случајни пешаци повредувајќи четворица, пред да изгуби контрола врз возилото и да се преврти, каде што бил и уапсен.
Иако напаѓачот дејствувал сам, полициските сили ќе ги испитаат сите можни конекции на други лица вклучени во инцидентот. Случајот се третира како акт на тероризам, бидејќи на задното седиште на автомобилот било пронајдено знаме на Исламската држава.