Општина Прилеп : Изборот на „Новоградба“ ДООЕЛ е направен согласно Законот за јавни набавки

По однос на претенциозните и неосновани тврдења на СДС Прилеп за изборот на „Новоградба ДООЕЛ“ како најповолен понудувач за реконструкција на градскиот стадион Прилеп ве известуваме дека постапката за јавна набавка е изведена согласно Законот за јавни набавки. Соопштија од Општина Прилеп, како реакција на прес конференцијата на СДСМ на која тие истакнаа дека Мајката на Гоце Ингилизов добила тендер од 300.000 евра за реконструкција на градски стадион

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

„Новоградба ДООЕЛ“ Прилеп е избрана за најповолна понуда за реализација на јавната набавка врз основа на оглас за доделување на договор бр.5/2017.

 

Финансиската понуда на „Новоградба ДООЕЛ“ Прилеп беше со најниско доставена понудена цена во текот на е-аукцијата што е во согласност  од член 128 став 2 од Законот за јавни набавки.

 

Постапката е изведена согласно закон. Претенциозните изјави на СДС и злоупотребата на ФК Победа за потреба на политилката кампања за локалните избори најостро ги осудуваме.

 

Доколку кандидатот за градоначалник Илија Јованоски имаше програма и визија, ќе слушневме досега барем еден конкретен проект. Вака обидот безидејноста да се маскира со неосновани онбинувања, кај граѓаните нема да помине“

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи