ВИДЕО – Ристески : Општина Прилеп ќе продолжи да биде лидер во изградбата на патна инфраструктура

Општина Прилеп во изминатиот период инвестираше во подобрување во патната мрежа како во градот така и во населените места, со што согласно Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици инвестиравме во 200 км. асфалтна патна мрежа со вкупна инвестиција од 22 милиони евра. Истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марјан Ристески.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Приоритетни проекти од патната инфраструктура, во наредниот четиригодишен период, ќе бидат следните:

 

  • Реконструкција на дел од ул. „11-ти Октомври“ се работи за реконструкција на улицата со четири коловозни ленти, среден разделен појас со улично осветлување, велосипедски патеки и двострани тротоари, како и изградба на крстосница со кружен тек над градската река, со што ќе се зголеми безбедноста, проточноста  и ефикасноста во сообраќајот во овој дел на градот

 

  • Изведба на ул. „Кеј 1-ви Мај“, од Стара автобуска до мостот во Сточен пазар

 

  • Реконструкција на булевар „Гоце Делчев“ (поранешна градска кафана до крстосница кај НУЦК Марко Цепенков со кружни текови)

 

  • Реконструкција на улица „Цар Самоил“ (од х.Салида до крстосница Чумовчанец)

 

Ќе се градат и обиколници :

 

  • Сивец-Леково – магистрален пат за Битола

 

Оваа обиколница ќе се гради заедно со мермерниот комбинат, ЕЛС  и различни фондови за кој веќе е направен проект

 

  • Ќе се направи физибилити студија и проект од ИЗ од Крушевски пат – Билјана, Политекс до ИЗ на стариот пат за Битола

 

Во третата фаза од изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско предвидена е клучка со надвозник и подвозник кај бензинската пумпа на Лук Оил со што ќе се подобри изгледот на влезот на градот, а исто така во програмата е влезена и клучката кај ТИРЗ.

 

Ќе ги реконструираме и улиците „Орде Чопела“ (влез во градот од Македонски Брод) , како и улицата „Леце Котески“ (влез во градот од Крушево)

 

Ќе бидат изградени и кружни текови:

 

  • Мост Табана
  • Кај Нова автобуска станица
  • Кај интернат
  • Кружен тек ќе се гради кај маркетот Тинекс и на други места по потреба и во договор со УЗ.

 

Ќе бидат асфалтирани и неколку локални патишта со средстава од различни фондови за кој веќе локалната самоуправа има подготвено конкретни проекти

 

  • Како што е патот од с. Волково до Манастир ,,Свети Никола,, – Прилепец

 

  • Пат од Прилеп до с. Дабница

 

  • Пат до с. Селце

 

  • Пат од с. Ореовец до с. Крстец

 

  • Пат до с. Марул;

 

  • Пат од Р2338 до с. Полчиште;

 

  • Пат од с. Подмол до с. Бонче

 

  • Пат до Манастир „Св. Илија“ – Дрен

 

 

И во наредниот период ќе продолжиме со реконструкција и рехабилитација на улиците во градот и во населените места.

 

Општина Прилеп и понатаму ќе биде лидер во изградба на инфраструктурата во градот и во населените места.

 

Затоа, Гласајте за број 13, Гласајте за најдобро инфраструктурно среден град.“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien