Претставата „Хроника на еден сон“, во режија на Ивана Ангеловска, пред прилепската публика ќе биде прикажана во петок во 20 часот во театарот „Војдан Чернодрински“.
„Хроника на еден сон“ го прикажува мутирањето на човечката потреба од среќа во садистичка зависност и опсесија. Ги лови моментите кога базичната човечка потреба за реализирање на сонот се претвора во сениште кое станува опсесија на личноста.
Влезниците можат да се набават на билетарницата од театарот во четврток и петок од 10 до 13 часот, како и два часа пред почетокот на претставата.Резервации на тел. 076-442-378.
162