Денеска во 11 часот и 55 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓаше на 140 километри јужно од Скопје, во соседна Грција.
Земјотресот беше со магнитуда од 4,2 степени по Рихтер.
Земјотресот беше почувствуван во југозападниот дел од земјава и тоа, во Битола и околината со интензитет од 4 степени според европската макросеизмичка скала, додека во Ресен и во Охрид овој земјотрес беше почувствуван со нешто послаб интензитет, односно 3 степени според истата скала.