Излезеноста во Прилеп до 17 часот е 60,49 %

Од Општинската изборна комисија во Прилеп информираат дека до 17 часот излезеноста на граѓаните е 60.49 %. Инаку 64.924 граѓани денеска во Општина Прилеп можеа да го остварат своето право на глас, на 142 избирачки места, избирајќи помеѓу 2-јца кандидати за градоначалник и 3 советнички листи.

 

Излезеноста на граѓаните до 17 часот во Крушево била 65.37 %. Таму 8.064 граѓани гласаа на 22 избирачки места и одлучуваа за еден од 2-јцата кандидати за градоначалник и за една од 7-те советнички листи.

 

Во Општина Кривогаштани излезеноста до 17 часот е 59.10 %. На 13 избирачки места гласаа 4.858 граѓани за еден од 2-јцата кандидати за градоначалник и за една од 3-те советнички листи.

 

Во Општина Долнени излезеноста до 17 часот е 46.49 %. Таму на 40-те избирачки места, гласаа 11.520 граѓани со право на глас, кои одбираа помеѓу еден од 7-те кандидати за градоначалник и за една од 9-те советнички листи.

 

До 17 часот излезеноста во Македонски Брод е 64.61 %. 5.258 граѓани таму гласаа на 45 избирачки места и избираа помеѓу 4 кандидати за градоначалник и 15 советнички листи.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien