Излезеноста во Прилеп до 10 часот е 13,8 %

Од Општинската изборна комисија во Прилеп информираат дека до 10 часот излезеноста на граѓаните е 13.8 %, според податоците добиени од 123 избирачки места, од вкупно 142. Инаку 64.924 граѓани денеска во Општина Прилеп ќе можат да го остварат своето право на глас, избирајќи помеѓу 2-јца кандидати за градоначалник и 3 советнички листи.

 

Излезеноста на граѓаните до 10 часот во Крушево била 12,32%. Таму 8.064 граѓани гласаат на 22 избирачки места и одлучуваат за еден од 2-јцата кандидати за градоначалник и за една од 7-те советнички листи.

 

Во Општина Кривогаштани излезеноста до 10 часот е 8%. 13 избирачки места во Општина Кривогаштани каде се запишани вкупно 4.858 граѓании, на 13 избиррачки места, гласаат еден од 2-јцата кандидати за градоначалник и за една од 3-те советнички листи.

 

Во Општина Долнени излезеноста до 10 часот е 4,82 %. Таму на 40-те избирачки места, гласаат 11.520 граѓани со право на глас, кои ќе одбираат помеѓу еден од 7-те кандидати за градоначалник и за една од 9-те советнички листи.

 

До 10 часот излезеноста во Македонски Брод е 11,5%. 5.258 граѓани таму ќе гласаат на 45 избирачки места и ќе избираат помеѓу 4 кандидати за градоначалник и 15 советнички листи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи