Триото „DAF project“ во четврток, во 20 часот, во џез клубот „Take five“ во Прилеп ќе го промовира својот најнов албум „Let go“. Албумот бил подготвувам околу 2 месеци и тој содржи 5 песни во рок стил.
Освен новите композиции публиката ќе може да слушне и дел од песните од претходните 3 албуми на фронтменот Давид Нешкоски.
За една од песните „Troublesome Life“ веќе е изготвен и видео спот, изработен од Христијан Конески.
Албумот на 26.10 ќе се промовира и во Скопје во „Станица 26“
Повеќе околу новиот албум на „DAF project“ и нивните идни планови слушнете во интервјуто со Давид Нешкоски.