Бројките кажуваат сè: Меси дојде до „стотката“

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ Лионел Меси продолжува да ја води Барселона кон нови победи, откако синоќа дојде до бројката од 100 голови во европските клупски натпреварувања, постигнувајќи маестрален гол од слободен удар во победата на шпанскиот тим против Олимпијакос од 3:1 во третото коло од Лигата на шампионите.

 

Тренерот на каталонците, Ернесто Валверде беше презадоволен, па низ смеа прокоментира: „Се надевам дека до крајот на сезоната ќе стигне до 200 погодоци“.

 

„Бројките се само доказ за она што го гледаме од ден во ден. Меси продолжува да ги остварува целите кои некогаш беа сметани за невозможни“, изјави Валверде.

 

До оваа бројка Аргентинецот стигна во 122 европски натпреварувања, односно 21 натпревар помалку од Роналдо кој до овој момент на 151 европски натпревар постигна 113 погодоци.

 

Трет најдобар стрелец во европските клупски натпреварувања е легендарниот капитен на Реал, Раул, со 76 голови.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien