Кина влегува во „Нова ера“

Кинескиот претседател Си Џинпин  го отвори националниот конгрес на Комунистичката партија на Кина, најавувајќи дека кинескиот социјалистички систем влегува во „Нова ера“. На почетокот на конгресот Џипин потенцираше дека Кина и владејачката партија се соочуваат со нови предизвици и задачи чие решавање треба да овозможи подобар живот за кинеските граѓани.

 

Набројувајќи ги последните достигнувања на државата во својот говор, Џинпинг најави дека Кина ќе стане голема сила во светот и дека ќе игра важна улога во историјата на човештвото.

 

„Ова ќе биде ера во која ќе обезбедиме одлучна победа во изградбата на умерено напредно општество во сите сфери и да изградиме голема модерна социјалистичка земја. Ова исто така ќе биде ера во која ќе се види дека Кина се приближува на лидерската позиција во светот. Кина се исправи, стана богата и силна“, порача Си.

 

Џинпин зборуваше повеќе од три часа на отворањето на конгресот на Кинеската Комунистичка Партија пред гигантски симбол со срп и чекан, прекрстени на позадината на црвени знамиња, и отфрли секоја надеж за либерализација на режимот. Ројтерс наведува дека тој кажал „нова ера“ 36 пати во својот говор.

 

Откако дојде на власт на крајот на 2012 година, Си Џинпин е сметан за најмоќниот кинески раководител по основачот на режимот на Мао Це Тунг и реформаторот Денг Ксијаопинг. За влијанието на Си Џинпин зборува тоа што има изгледи неговото име да биде вклучено во партискиот статут – чест доделена досега само на Мао и Денг.

 

Тој ја презеде власта во 2012 година и кинеската економија оттогаш забележува константен раст.  Кинескиот лидер, како што оценува „Недељник“, сака да владее до 2027 година, за да ги реализира своите цели, односно трансформација на Кина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien