ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО : Macedonian Trophy 2017 – Прв ден

Во Прилеп денеска се одржа првиот ден од второто по ред „Македонско трофи“ на кое учество зедоа неколку стотици љубители на теренските возила од Македонија, Србија, Бугарија и Грција.

 

Денеска трофито беше поделено во две категории, т.н. hard и soft. Учесниците возеа по т.н. патни книги и поминаа патека од околу 30-тина км. Возилата во текот на стазата поминаа низ 7 специјални точки каде ги покажуваа своите техники.

 

Ова е единствена манифестација во Македонија од ваков карактер и настанот беше вистински спектакл.

 

Утре ќе се одржи вториот натпреварувачки ден на мото арената во Лагово.

 

Погледнете го ова ексклузивно видео кое на првиот ден го направи екипата на Инфо Компас и уживајте во овој несекојдневен настан.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien