Си Џинпинг денеска доби нов петгодишен мандат како генерален секретар на Комунистичката партија на Кина. Централниот комитет избра уште пет постојани членови на Политбирото, највисока инстанца на власта во Кина.
„Ова го сфаќам не само како признание на мојата работа, туку и како охрабрување кое ќе ме поттикне да одам напред“, изјави Џинпинг во говорот што го пренесуваше кинеската телевизија.
64 годишниот Џинпинг е на власт од 2012 година и треба во март идната година да добие нов мандат како претседател на Кина.
Неговиот избор уследи по вчерашната одлука неговото име да биде испишано во Програмата на Комунистичката партија, што е симболичен чин кој актуелниот лидер го става на исто ниво со легендарниот лидер на партијата Мао Цетунг.