Несто-гол со два нови погодоци за Палермо. Вториот е вистинско ремек дело!

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски имаше главна улога во победта на Палермо над Виртус Ентела на домашен терен и со два гола го водеше својот тим до нови посакувани три бода (2-0).

 

Тимот од Сицилија по киксот против Новара им се врати на победите, а токму Несторовски е творец на двата триумфа во низа. По двата гола против Карпи, Македонецот погоди двапати и против Виртус Ентела и донесе враќање на врвот во Серија Б.

 

Несторовски го отвори резултатот со гол од пенал во 23. минута од натпреварот.

 

 

Конечните 2-0 ги постави со мајсторија од слободен удар во 48 минута од средбата на „Ренцо Барбера“.

 

 

Несторовски така за две кола постигна четири гола и сега е втор на листата на стрелци во Серија Б со осум постигнати гола. Палермо, пак, изби на лидерската позиција со 21 освоен бод.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien