ВИДЕО – Петрески : Графитите не се злосторство туку уметност која го украсува градот

Вандализам или уметност ? Ова е најчестото прашање кое се поставува кога се во прашање графитите или т.н. улична уметност. Бобан Петрески од Прилеп е еден од оние уметници кои активно цртаат графити.

 

Вели дека има нацртано над 60-тина дела и тоа не само во Прилеп туку и во други градови од Македонија, а еден графит имал нацртано и во Софија, Бугарија.

 

Неговиот псевдоним со кој се потпишува на графитите е „crime“. Петрески вели дека графитите не се злосторство туку уметност која го украсува градот.

 

Дел од графитите ги цртал и со дозвола и организација на институциите за разубавување на одредении општествени простори и објекти.

 

Тој истакнува дека цртањето на графити во Македонија иако било добро застапено, сепак за разлика од пред неколку години, кога го достигнало својот максимум, сега било во опаѓање. Во Македонија моментално имало од 20 до 30 уметници кои активно се занимавале со цртање на графити.

 

Петрески вели дека неговата порака е секој уметник доколку сака да се изрази преку оваа уметност слободно да го прави тоа, онаму каде што смета дека нештата ќе ги направи подобри и поубави, без притоа да му се наштети на некого.

 

Повеќе од разговорот погледнете во видеото.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien