Страотни податоци: На секои 7 часа има по едно убиство во Бразил

Бразил забележа рекорден број на убиства во 2016 година, 61.619, што просечно изнесува седум убиства во еден час, се наведува во извештајот на невладината организација Бразилски форум за јавна безбедност.

 

Во 11-то издание на Годишниот извештај за безбедноста, објавен во понеделник, се наведува дека стапката на убиства на 100.000 жители изнесувала 29,9 проценти, што е речиси трипати повеќе во однос на стапката од 10 проценти на 100.000 жители, која се смета за епидемија на насилство.

 

Во 2015 година оваа бројка изнесуваше 28,8 на 100.000 жители, односно вкупно 58.870 убиства во оваа земја со 200 милиони население.

 

Во просек, во полициските акции дневно живото го загубиле 11 луѓе во 2016 година, од кои една четвртина во државата Рио де Жанеиро, која се соочува со зголемено насилство од минатогодишните Олимписки игри.

 

Проблемот е посебно изразен во фавелите, во кои живеат четвртина од 6.5 милиони жители на Рио де Женеиро, а во кои голем дел од територијата ја контролираат нарко бандите.

 

Директорката на оваа невладина организација Самира Буено, вели дека врз основа до сега собраните податоци за 2017 година, податоците ќе бидат полоши во следниот извештај.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien