ВИДЕО : Џудо клубот „Бушидо“ од Прилеп со 104 медали во 2017 година

Џудо клуб „Бушидо“ од Прилеп полека но сигурно станува еден од познатите спортски брендови на градот, а доказ за тоа се освоените 104 медали во 2017 година, на повеќе државни и меѓународни првенства. Клубот постои 3 години и брои 40-тина членови.

 

Зборот џудо на јапонски знали „нежен пад“, па токму затоа според тренерот Рубин Пеески, освен физичката сила, во овој спорт многу важна била и психичката подготвеност.

 

Пеески вели дека џудото во Прилеп е доста популарен клуб затоа што тука има 4 џудо клубови за разлика од Скопје кој има само 2 џудо клуба. Секој оној кој сака да биде член на џудо клубот „Бушидо“ може да ги посети нивните тренинзи кои се одвиваат во гимназијата „Мирче Ацев“ и да се запознае со овој спорт.

 

Годинава од џудо клубот „Бушидо“ излегле и 5 репрезентативци.

 

Менаџерот Бојан Митковски вели дека клубот досега учествувал на голем број меѓународни и државни првенства и натпревари, а и самиот бил организатор на дел од нив. Целат секако им била како и на сите други спортисти со напорна работа да стигнат да се натпреваруваат на Олимпијада.

 

Терминот „Бушидо“ во превод било кодекс на однесување на јапонските самураи, како што се кодексите на чесност, среќа, храброст и други. Спортот е основан пред околу 2.000 години и е еден од најстарите спортови во светот.

 

Повеќе од разговорот со тренерот Рубин Пеески и менаџерот Бојан Митковски и тоа како се одвиваат дел од тренинзите погледнете во видеото.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи